Марија Карамучева на студиска посета во Португалија

Градот Гимараис во Португалија беше домаќин на претставници од 13 европски земји кои се вклучени во образовниот процес на лица со посебни потреби.
marija
Студиската посета траеше од 4-9 мај на тема: Инклузија на ученици со посебни образовни потреби во едукативниот систем и на пазарот на трудот.

„Целта на студиската посета беше запознавање со процесот на инклузија во европските земји, начинот на кој се спроведува и како функционира во Европа. Ги разгледувавме позитивните и негативните страни, како и сличностите и различностите во начинот на неговото функционирање“, раскажува Карамучева по враќањето од работната посета на Португалија.

Дефектологот на нашето училиште беше единствениот претставник на Македонија и заедно со претставниците од Италија, Германија, Холандија, Литванија, Ирска, Естонија, Франција, Португалија, Австрија… споделуваа искуства кои сите ги носат од сопствените зеји.