Мартин Спасовски го имаше еден од најдобрите постери на МАССУМ 2017

На натпреварот МАССУМ одржан на 21 април во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” СКОПЈЕ, постерот на Мартин Спасовски беше рангиран на второ место добивајќи втора награда. Еве што ни откри:

Неколку години се занимавам со графички дизајн, сега за сега е само хоби. Причината за што се пријавив е да го претставам мојот талент пред другите. Минатата година поради други обврски не успеав да се пријавам, но ете ме оваа со постер на кој работив неколку недели. При изработката, постерот претрпи многу измени за да се дојде до крајниот резултат со кој бев задоволен и јас и мојот ментор – професорката Славица Милева Ефтимова. Со нејзина помош стигнав до овој успех и мислам дека треба да се напомни дека само за две поени ни избега првото место. Можеби тоа ќе биде мотивација за следната година и поголем успех!

Честитки до Мартин и неговиот ментор, а за наредната година му посакуваме уште поголеми досигнувања!

ПОСТЕР
Постерот на Мартин Спасовски
2029 Вкупно 1 Денес