Денес се одржа интернационалниот Math@Mac онлајн натпревар за средношколци.Околу 100-тина наши ученици денес ги пополнија местата во кабинетите по математика и информатика и беа дел од глобалниот онлајн натпревар.
Учениците имаа подолго време за решавање, но за нив доволни беа 60 минути за решавање на 10-те прашања. Целта на овој натпревар е брзината при решавањето на задачите. Ваков начин на натпреварување се организира сè почесто затоа што денес сите користат интернет и оние кои што сакат да го тестират своето знаење може да се вклучат без проблем.
Прашањата главно, беа смислени за да ги одговараат ученици кои уживаат во решавање на математички проблематики и преку награди да ги мотивираат да се активираат и да го разбудат нивниот натпреварувачки дух.
Резултатите од натпреварот ќе бидат соопштени кон крајот на декември или почетокот на јануари, а за најдобрите следуваат парични награди.