Во просториите на Машинскиот факултет-Скопје, беше одржан 58-от Државен натпревар за ученици од средното образование. Од големата конкуренција во која се најдоа учениците, од нашето училиште се издвоија двајца одлични математичари кои се пласираа на Македонската Математичка Олимпијада.
По одржувањето на државниот натпревар по математика за ученици од средното образование, нашите математичари Димитар Бајрактаров под менторство на проф.Елизабета Витанова и Методи Белчовски под менторство на проф.Елена Лазарева, се здобија со награди и своето натпреварување го продолжуваат на Македонската Математичка Олимпијада.
Нашите ученици веќе започнаа со подготовките за Олимпијадата која ќе се одржи на 4 април 2015 год. Се надеваме дека нема да кажат стоп на Македонската Олимпијада, туку ќе го продолжат натпреварувањето и на Балканската Математичка Олимпијада.
Овој дополнителен предизвик ќе може да го добијат само шестмина од Македонија. Изборот на учениците кои ќе се натпреваруваат на олимпијадата ќе се направи по одржување на Македонска Математичка Олимпијада. Најдобрите ќе престојуваат во Атина, Република Грција во периодот од 03-08 мај 2015 година на 32-та Балканска Математичка Олимпијада.