Математичарите од СОУ „Јане Сандандански“ најдобри во интернационална категорија

Младите математичари од нашето училиште ги проширија рамките на натпреварувања од областа на математиката. Веќе неколку години по ред учествуваат на интернационални on-line натпревари, на кои секогаш се рангираат меѓу првите. Еден од нив е и натпреварот Math@Mac Online Mathematics Competition. Организатор на натпреварот е Универзитетот МcMaster од Канада – постојано рангиран како еден од најдобрите и најпознати истражувачки и иновативни универзитети во Канада .

Оваа година на натпреварот учествуваа 1125 тимови од 85 средни училишта од цел свет. Учениците од нашето училиште ја понесоа наградата за три најдобри интернационални тимови.

Тимовите беа во состав на учениците:

  1. Димитар Бајрактаров, Атанас Крстев и Иван Мастев
  2. Марија Серафимовска, Горги Кренков и Дарко Перовановик
  3. Дмитар Звонимир Митев, Елена Томова и Крсте Симеонов

Ментори на учениците се нивните професори

Елизабета Витанова и Елена Лазарева.

Им посакуваме уште многу такви успешни натпреварувања.

16179129_10210650537073731_4481497539621349993_o