ИЗВЕШТАЈ ОД ИЗВРШЕНАТА САМОЕВАЛУАЦИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО
ЈАНЕ САНДАНСКИ-СТРУМИЦА
По извршената самоевалуација актуелната состојба графички изгледа вака:
Во областа активностите на/со учениците во училиштето учениците и наставниците имаат исти оценувања за разлика од родителите, во областа активностите на наставниците во училиштето наставниците даваат највисоки оценки, а родителите најслаби, во областа атмосферата и опкружувањето најслабо оценуваат учениците и во областа соработката со родителите/ општината/други училишта учениците и родителите имаат приближни оценувања,а најзадоволни се наставниците.
По извршената самоевалуација посакуваната состојба графички изгледа вака:
Во областа активностите на/со учениците во училиштето наставниците имаат највисоки оценувања за разлика од учениците и родителите, во областа активностите на наставниците во училиштето наставниците даваат највисоки оценки, а учениците најслаби, во областа атмосферата и опкружувањето најслабо оценуваат учениците, а највисоки оценки даваат наставниците исто како и во областа соработката со родителите/ општината/други училишта .
По извршената самоевалуација графички, разликата меѓу актуелната и посакуваната состојба кај наставниците графички изгледа вака:
Најголема разлика од актуелното и посакуваното кај наставниците има во областа активностите на/со учениците во училиштето, а најмала во областа атмосферата и опкружувањето.
По извршената самоевалуација графички, разликата меѓу актуелната и посакуваната состојба кај учениците графички изгледа вака:
Најголема разлика од актуелното и посакуваното кај учениците има во областите активностите на/со учениците во училиштето и соработката со родителите/ општината/други училишта, а најмала во областите активностите на наставниците во училиштето и атмосферата и опкружувањето.
По извршената самоевалуација графички, разликата меѓу актуелната и посакуваната состојба кај родителите графички изгледа вака:
Најголема разлика од актуелното и посакуваното кај родителите има во областа соработката со родителите/ општината/други училишта, а најмала во областа атмосферата и опкружувањето.
Во однос на актуелната состојба:
во подрачјето активностите на/со учениците во училиштето најниска проценка дале родителите, во подрачјето активностите на наставниците во училиштето исто така најниска проценка дале родителите, во подрачјето атмосферата и опкружувањето и соработката со родителите/ општината/други училишта најниска проценка дале учениците.
Највисоки оценки има во подрачјето атмосферата и опкружувањето од страна на наставниците, а најниско проценети се активностите на/со учениците во училиштето од страна на родителите.
Во однос на актуелната и посакуваната состојба:
Највисоко вреднувана категорија кај наставниците е атмосферата и опкружувањето, кај учениците и кај родителите се активностите на/со учениците во училиштето и атмосферата и опкружувањето.
Најниско вреднувана категорија кај наставниците, кај учениците и кај родителите е активностите на/со учениците во училиштето.
Најголеми разлики во индикаторите има во подрачјето атмосферата и опкружувањето.
Тим на МИО при СОУ „Јане Сандански“ – Струмица