Претставниците од училиштата присуствуваа на работилница која го опфаќаше токму тоа што учениците постојано го бараат од професорите – поинтересни презентации.Денес во малата сала на Дом на АРМ присуствуваа претставници од Македонскиот Институт за медиуми како дел од активностите предвидени од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Темата на работилницата беше Ефикасни интерактивни презентации во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието.
На овој начин, проектот помага во надоградба на вештините за презентирање, начините како најдобро да се презентира материјалот до учениците, ама и најразбирливо за да допре до сите целни групи вклучени во образовниот процес