Текст на Митко Тошев – професор по ликовна уметност
Митови на креативноста
Зборувајќи за креативноста се среќаваме со многубројни дефиниции и одредени креативности кои заговараат застапници на поединечнитеории. Креативноста се проучува од различни аспекти: во контекст на успешната настава,аможе да се процени и врз основа на тестови на креативноста.
Во ново време се повеќе се усмеруваме на активности со чија помош може да ги поттикнеме учесниците вовоспитно-образовниот процес на креативно изразување. Ги внесуваме во пракса и ги проверуваме нивните резултати.Креативноста е важна бидејќи ни помага во напорите наставата да ја правиме поуспешна и прилагодена за ситенејзини учесници. Секој од нас има своја дефиниција за креативноста, своја конструкција која може да ја менува во однос на промените кои се случуваат во нашата свест,а предизвикани од личните искуства. Иако поединечни теории пристапуваат кон креативноста на едноставни начини,ниедна од нив конкретно не се занимава со нејзините митови.
Сепак тие се присутни во нашето секојдневие.Митовите на креативноста се фокусирани на поединци и ги игнорираат друштвените и културните контексти.
Оние кои креативноста јапроучуваат од научно гледиште знаат многу за нејзината филозофија, начинот на развивањето и нејзината важност за целокупниот развој на секој поединец.Поголем дел од училишните професори се запознаени со важноста за охрабрувањето на креативноста во училишната настава како еден од клучнитечинители на културата во факултетот. Зборувајќи за креативноста во училишната настава се прашуваме дали студентите ја доживуваат на ист начин? Сметаат ли тие дека постојат митови на креативноста?
Мит (грчки) означува повеќезначаен поим со кои се првобитно означувала приказна која во одредена култура има функција на објаснување на стварноста. Современите етнолошки истражувања покажуваат дека секоја култура произведува свои митови па така денес се зборува на примерза„митот за среката“,„митот за америчкиот сон“ и слично.
Различни автори наведуваат различни митови на креативноста кои се поделени во неколку категории, а всушност сите митови зборуваат за многу слични тврдења. Се одлучив да ви ги претставам митови на креативноста за кои зборува Сауер бидејќи се најмногу слични на оние со кои се среќаваме во секојдневната комуникација. Културата на училишната настава произлегува од сите активности кои се одвиваат во неа и ја прават неповторлива. Секој ден со интересни активности бидејќи е непредвидлива и се одвива во контекст на социјална и емоционална клима, како и успешна комуникација која е резултат на односот на нејзините главни учесници- училишните професори и студенти. Културата на училишната настава можеме да ја дефинираме како подрачје кое преовладува во некоја организација (воспитно-образовниот процес), а ја сочинуваат разни аспекти: метафори, обичаи, обреди, ритуали, митови, симболи, приказни и хумор.
Митови на креативноста:
1. Креативноста доаѓа од несвесното – неколку тераписки психоаналитичари сметаат дека креативното изразувањееводиректна врска сопотсвеста на секој поединец
2. Децата се покреативни од возрасните – повеќето возрасни личности стануваат „некреативни“ бидејќи образованието или општеството ги прави такви.
3. Креативноста е внатрешниот дух на поединецот – научниците откриле дека објаснувањето на креативноста бара од нас да дознаеме многу повеќе за културата, општеството и историскиот период,па така на пример од сликата која е сликана пред 500 години дознаваме многу повеќе не само за креативноста на сликарот туку и за карактеристиките на културата во тој временски период.
4. Креативностае формана тераписко самооткривање – се нарекува уште и концепција на креативност која претставува креативност како форма на самооткривање, лечење и самоспознавање.
5. Многу креативни дела настанале во слободното време и долго биле непознати, а биле откриени неколку децении подоцна – секое време по малку ги отфрла идеите на креативците, додека тие во наредниот период не покажале идеални решенија. Типичен пример е Менделеевиот труд за лупењето на грашокот кој не бил признат во19 век, туку 50 години подоцна.
6. Креативноста е иста работа како и оригиналноста – уметноста треба да биде оригинална и единствена
7. Убавата уметност е покреативна од занаетот – нашата култура е често приврзана према ликовната уметност која во своите креативни производи немат никакви други функции освен уживање. Занаетчиските форми се помалку вредни бидејќи служат во секојдневната функција, а не само во креативна улога. На пример онаа музика која ние денес ја нарекуваме класична, настанала како музика која првенствено се слушала во црква на мисите.
Сите наведени митови ја кочат креативноста и го оневозможуваат или оспоруваат нејзиниот развој. Митовите на креативноста помеѓу другото, претставуваат и еден вид дел од наставната програма. Со својата филозофија и присутност влијаат на целокупното подрачје во наставата и на нејзините учесници.