Без разлика што годинава меѓународниот ден на жената се одбележува во сабота кога учениците имаат ненаставен ден, дел од кавалерите од трета година заедно со нивниот искусен професор и класен раководител Македонка Фиданова приредија слатко изненадување за претставничките на понежниот пол. Можеби ден порано го донесоа 8 Март низ ходниците од нашето училиште, но со тоа докажуваат дека без разлика кој датум е, постојано треба да се биде внимателен кон девојките, мајките, жените.
Тие го разубавија овој петок со симболично продавање на вкусни колачиња. За пофалба е што сè почесто сме сведоци на вакви настани кои без многу помпа и комплицирање ги организира група од еден клас. Откако пред неколку месеци професорката Борка Дончева со нејзините девојки подготвки вкусна трпеза, овој пат момците од III-1 беа главните актери во оваа прекрасна активност пред почетокот на празничниот викенд.