Токму мотивацијата е тоа што од денес добива свое посебно место на нашиот веб сајт. Уште една од новите рубрики преку кои ќе ве забавуваме, подучуваме и инспирираме. Можеби на прв поглед констатацијата од насловот делува многу неверојатно, но тоа е докажано со едно истражување. Резултатите покажале дека тоа што води до подобри способности во математиката е мотивацијата за работа, не коефициентот на интелигенција.
Принудување на децата да учат математика и да решаваат задачи не помага. Податоците се пронајдени од анализата направена на 3.500 германски деца. Оние деца кои биле мотивирани и со кои наставниците користеле ефективни стратегии на учење се покажале како многу поуспешни. Бил измерен и коефициентот на интелигенција на децата и се покажало дека тој нема никаква поврзаност со напредокот во математиката кај набљудуваните деца.
Најчест и најсилен извор за мотивација сме самите ние.
Предлог број 1: Не чекајте инспирација за учење
Не сте уметник или писател па да чекате да ве погоди гром од инспирација за да започнете да учите. Започнете со учење веднаш. Тоа треба да ви биде приоритет број еден, кој не смее да се одложува.
Предлог број 2: Учете со пријателите
Доколку имате тест учете со пријателите од вашата паралелка. Направете си сок од свежо овошје и заедно започнете да учите. Прочитајте ги важните работи заедно, зборувајте за нејасните работи, па конверзацијата во врска со материјалот значително ќе ви помогне да запомните некои поважни работи.
Предлог број 3: Немојте да решавате повеќе задачи наеднаш, решавајте една по една
Иако за време на учењето сигурно ќе постојат голем број пречки, таканаречениот „мултитаскинг“ не би требало да биде една од нив. Немојте да си давате повеќе работи истовремено. Тргнете прво со една задача која сте си ја дале самите себеси и додека не ја завршите, немојте да тргнувате на нешто друго.
За крај, една корисна платформа каде што се поставени онлајн лекции по математика кои сте ги работеле или ќе ги работите во текот на вашето средно образование: http://skoool.mk/matematika/sredno.