Нашите неодамнешни нови пријатели од средното училиште „Обровац“ во истоменото место близу Задар ќе бидат домаќини на нашата 30-члена екипа. Од утре до 1 јуни учениците и менторите кои се дел од проектот за збратимување на двете училишта ќе може да уживаат во своето дружење со новите пријатели.
Во Обровац во моментов трае меѓународната акција Clean up the MED која вклучува чистење на плажата во Карина, а е дел од еколошкиот и спортски проект на средното училиште Обровац. Оваа година прв пат ќе трае два викенда и ќе ги вклучи нашите ученици.
Организирани се спортски активности: планирање, рафтинг, велосипедизам, спелеологија, спуст и други. Нашата екипа ќе присуствува на разни предавање и работилници на темата екологија и етнологија со гости предавачи.
За потсетување, претставници од Обровац го посетија нашето училиште во месец март и се оствари првиот дел од соработката меѓу Струмица и Задар.