CyberFair е натпревар којшто секоја година привлекува огромен број ученици да креираат свои оригинални сајтови на една од понудените теми од организаторот. Силната конкуренција и меѓународните размери се примамливи и за нашите ученици. Визијата на овој натпревар е да инспирира и обединува. Годинава, како и обично, организаторите понудија осум подтеми за изработка на веб-сајт, а нашите ученици избраа да пишуваат за старите занаети во Македонија. Целта на учениците е да го свртат внимание кон грнчарството, бисерниот накит, резбарство, изработка на килими како традиционални занаети во нашата земја. Финалниот производ од нивната тимска работа е уреден сајт со впечатливо мото (Осветли ги засенетите занаети), уникатна содржина и музика која освојува.
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ за да го разгледате проектот подготвен од учениците од втора година – Александра Манзаклиева, Ана Тодорова, Никола Тошев и Николина Туџарова.
Од голема помош за учениците е искуството на професорката Софија Тошева која минатата година со своите ученички на истиот натпревар доби платинум награда во светски размери.
Во тек е самооценувањето на проектите меѓу учениците кое ќе трае до 16 април. Дотогаш нашата екипа треба да го даде своето мислење за 6 други веб-сајтови избрани од останатите категории кои се во различна конкуренција.
Меѓу другите понудени теми за подготвување сајт беа: лидери во опкружувањето, друштвени групи, бизнис и организации, спорт и здравје, природни и вештачки атракции, историски обележја и опасности и проблеми на животната средина.
Им посакуваме среќа на натпреварувањето!