По повод 10-годишнината од основањето на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ беше објавен конкурс за есеј на кој учествуваа и наши ученици кои успееја да освојат прва и трета награда за есеј на македонски јазик, и исто така трета награда за есеј на странски јазик.
На конкурсот за есеј на тема „Јазикот и неговата комуникациска моќ“ кој беше објавен по повод јубилејот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, учествуваа и наши ученици кои во конкуренција од околу 140 есеи успееја да се здобијат со највисоките награди и за есеј на македонски јазик, но и за есеј на странски јазик.
Во категоријата за есеј на македонски јазик првото место го освои ученичката Мила Стојанов од четврта година под менторство на професорката Снежана Пијанманова, додека пак во истата категорија со трето место се здоби ученичката Верица Илиева од трета година под менторство на професорот Мики Делев.
На конкурсот нашите ученици конкурираа исто така и со есеј на германски јазик каде што под менторство на професорката Александра Минкова, третата награда ја доби ученичката Зорица Русева од четврта година, која имаше конкуренција од околу педесеттина есеи на повеќе странски јазици.