Одбележан 3ти декември – Меѓународен ден на лица со попреченост

По повод Меѓународниот ден на хендикепираните лица, професорите заедно со директорката и дефектологот на училиштето имаа прилика да ја проследат Програмата на штитениците од Заводот во Банско со ученици учесници кои некогаш беа наши ученици, а други се наши сегашни.

Програмата наречена „Да ја пронајдеме човечноста“ сите присутни ги остави без здив и ги натера да се потсетат на човечноста која за жал полека се губи.

Присуството на професорите предизвика голема радост и благодарност кај нашите другарчиња кои и понатаму продолжуваат да бидат дел од нашите секојдневни обврски.

15350535_10154233905275939_7353695904744038440_n