На 28.10, во хотелот Сирус се одржа настанот : Уделот на Локалната самоуправа во промовирање на доживотното учење. СОУ Јане Сандански имаше двајца претставници кои учествуваа со свои трудови на тема Улогата на кариерните центри-позитивна пракса во стекнувањето на нови вештини и способности на учениците. M-р Катерина Милушева учествуваше со тема за значење на кариерното советување. M-р Софија Тошева ги презентираше своите искуства за работа со БИПО- онлајн инструмент за професионална ориентација, а ученичката Нина Хаџи-Котарова ја презентираше веб страната на Кариерниот центар на училиштето. Нашето училиште ги прикажа успешните искуства од работата на Кариерниот Центар, кој веќе две години ја спроведува програмата за кариерен развој.