Од четвртокот до саботата во Тетово се одржуваа државните првенства во повеќе спортови каде учествуваа тимови на низа средни училишта од целата држава меѓу кои беа и нашите тимови во одбојка, ракомет и кошарка. Тие успешно се пласираа меѓу најдобрите три места во своите категории, а одбојкарките освоија прво место и обезбедија златен медал.
Женскиот одбојкарски тим на училиштето под менторство на професорот Гоце Кончалиев беше најдобар помеѓу нашите спортски тимови откако во финалниот натпревар со разлика од 3-0 го победи средното училиште “Јосип Броз Тито” од Битола и со тоа се накити и со златен медал, освојувајќи го првото место во својата категорија.
Иако поразени во финалниот натпревар, ракометниот тим на нашето училиште успеа да се избори за второто место во својата категорија со што беше награден со сребрен медал. Тие во финале играа против средното училиште “Нико Нестор” од Струга каде загубија со 26-18. Тимот е предводен од професорот Наско Панов.
Училишниот кошаркарски тим пак, предводен од професорот Атанас Цикарски во малото финале играше против тимот на гимназијата “Гоце Делчев” од Куманово и истиот го победи со 63-55. Тие се пласираа на третото место во првенството за кошарка и освоија бронзен медал.
Инаку нашите одбојкарки, ракометари и кошаркари се пласираа за учество на државните првенства за средни училишта откако одиграа успешни општински, зонски и регионални натпревари.