Одигран матурскиот квадрил

Вкупно 300 ученика од струмичките средни училишта учествуваа на четвртиот по ред матурски квадрил. kvadril1Точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“ матурантите одиграа на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ во рамките на големата манифестација Матурска парада 2013.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВЕСЕЛИТЕ МАТУРАНТИ

Неколку минути пред почетокот на танцот на матурантите им се обрати градоначалникот Зоран Заев и им посака многу успех во понатамошното образование.

Матурската парада е интернационален настан што истовремено се одвива во стотина градови во 11 држави во Европа.

Покровители на манифестацијата е општина Струмица, поддржувач е Делегацијата на ЕУ во Македонија, а за организацијата се погрижи Младинскиот совет и танцовиот клуб „Ритам плус“.