Одбележан светскиот „Ден без автомобили“

Денеска, 22 септември, во светот се одбележува „Ден без автомобили“, па така младите струмичани заедно со градоначалникот Костадин Костадинов излегоа на улица со велосипеди, со цел да се подигне свеста на граѓаните за пешачењето и возењето на велосипед.

Денот без автомобили се одбележува преку програмата на Општина Струмица „Европска недела на мобилност“ која се одржува од 16 до 22 септември. Настанот е во организација на Општина Струмица, Еколошкото друштво „Планетум“ и Велосипедскиот клуб „Актив“.

На дефилето учествуваа ученици од основните и средните училишта во Струмица, меѓу кои и ученици од нашето училиште предводени од професорот Атанас Цикарски. Градоначалникот Костадинов апелираше до сите граѓани возењето велосипед и пешачењето да го направат свое секојдневие, за наше добро и за добро на генерациите после нас.

ФОТО: МИТКО НИКОВ