Нашето училиште беше дел од обуките кои се предвидени преку проектот на USAID во Македонија што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование. Во овој проект беа опфатени сите професори и службите во училиштето.Оваа среда во просториите на нашето училиште се одржа обука на тема: Проект за меѓуетничка интеграција во образованието.
Целта на овој проект кој ќе трае четири години е да поттикне градење на свесност и обезбедување разновидни обуки, техничка помош и стимул за училишните одбори, директорите на училиштата, наставниците и за вработените во општините-одговорни за образованието, за поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието.
Заедно со општините Тетово, Битола и Бутел, општина Струмица е дел од четирите пилот општини, кои во првата година од проектот ќе поминат низ пробните модули за обука, во кои се опфатени 40 основни и 17 средни училишта.
Центарот за човекови права и разрешување конфликти како партнер организација на USAID ја подготови обуката која ги вклучи сите професори и службите во училиштето:педагог, раководителите на смена, секретарот, дефектологот и благајничката.
Присутните беа поделени во две групи и работеа со шест обучувачи: директорката Вања Велева, психологот Жаклина Михајлова, професор по математика Драгица Стамболиска (претставник од Советот на родители), Славица Милева-Ефтимова (претставник од Училишниот одбор), Божана Лазарова и Елена Лазарева – професори по математика.
Обуката помина во најдобар ред, а присутниот мастер-обучувач од Скопје – Роза Перусоска го изрази своето задоволство преку позитивните коментари и пофалби за сработеното.