„One Way Ticket“: Новогодишно-божиќниот концерт закажан за 4 јануари

Традиционалниот празничен и тематски концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“ е закажан за петок, 4 јануари од 19:00 часот на големата сцена во НУЦК „Антон Панов“. Перформансот годинава ќе го носи името „One Way Ticket“.

Деветтото издание на нашиот новогодишно-божиќен концерт ќе биде во знак на најголемите хитови кои ги полнеле подиумите во минатиот век. Се надевамe дека публиката ќе ужива во заразните диско звуци од ABBA, Bee Gees, Boney M и многу други изведувачи.

На концертот ќе настапат солисти, инструменталисти, хорски и танчарски групи под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова.

На 24 декември ќе биде пуштен во продажба ограничен број влезници по цена од 150 денари кои може да се набават во просториите на училиштето. Средствата од концертот ќе бидат наменети за обезбедување музичка опрема во кабинетот по музика.

FACEBOOK EVENT (ЛИНК)