Во понеделник, на 30 март се одржа општинскиот натпревар во фудбал, кој требаше да се одржи на 27 март, но беше одложен поради временска непогода. На натпреварот се натпреваруваше и екипа од нашето училиште.

На натпреварот нашето училиште изгуби на пенали 2-3 против СОУ „Никола Карев“, но го доби вториот дуел против СОУ „Димитар Влахов“ со 4-3.
Со оглед на добрите резултати, екипата се пласираше на играње во зоната против Штип, Валандово и Радовиш.
Наредниот натпревар ќе се одржи на 6-ти март, в понеделник.
Им честитаме на спортистите и нивниот ментор, Гоце Кончалиев, и им посакуваме многу среќа во наредната фаза!