Ученички од нашето училиште учествуваа на овогодинешната Економијада, под менторство на професорката Полина Ашикова постигнаа одлични резултати.
Како единствени претставници од Македонија, во конкуренција со 11 училишта од бившите Југословенски држави, нашето училиште за еден поен требаше да се пласира на третото место но, голем успех е и четвртото место кое го освоија нашите ученички.
Им честитаме на учениците и нивниот ментор, им посакуваме уште поголеми успеси понатаму.