Матурантите во текот на целиот ден имаа можност да ја запознаат наставната програма на Универзитетот за туризам и менаџмент.Тимот од Скопје во состав професор д-р. Александра Стоилковска, доцент д-р. Далиборка Блажеска, доцент д-р. Наташа Ристовска, доцент д-р Димче Лазаревски, ассистент м-р. Андреја Мачкиќ и демонстраторката Андријана Наумовска ги презентираше можностите на својот универзитет пред вкупно 287 матуранти.
Пред матурантите од дванаесетте паралелки беа презентирани сите факултети кои им ги нуди Универзитетот за туризам и менаџмент, а посебно беше презентирани условите за запишување, со кои истовремено се нуди и студирање на рати.
Особен интерес предизвика можноста за добивање на стипендии со квизот „Колумбо” , тематските забави кои УТМС ги организира пред платото на Универзитетот како и наставно-научните практикуми.