Група од 30 ученици и професори денес патуваат за Измир, Турција каде што ќе гостуваат од 8-12 април.Ова патување е дел од проектот за збратимување на нашето училиште и средното училиште Јилдис Тинас Измироглу Анадолу од Измир. На почетокот на ноември минатата година бевме домаќини на пријателите од Турција кои овде имаа свое претставување во Дом на АРМ.
Беше предвидена возвратна посета, којашто учениците од Измир со нетрпение ја очекуваа. Затоа оваа недела ќе биде повторно во знак на македонско-турското пријателство.
Престојот во Измир има предвидена програма и тоа:
-посета на познати историски и културни локалитети;
-концерт, на кој ќе бидат исполнети познати и традиционални песни испеани на македонски јазик;
-кратка претстава, на која ќе бидат претставени начинот на живеење (сличности и разлики во животниот стил) и специфичните обичаи во Македонија;
-изработка на речник со зборови и идиоми кои се составен дел од јазикот на двете земји.
Професори кои учествуваат во овој проект се Зорица Витанова, Љупка Василева, Билјана Костадинова, Јулијана Ковачевска, Жаклина Џорлева и Денис Кирчанов.
Им посакуваме успешно претставување и многу весел помин.