Продолжува соработката со средното училиште од Обровац, Хрватска

Нашето училиште и оваа година продолжува со соработка со средното училиште од гратчето Обровац, сместено близу градот Задар во Хрватска. Ученици од Обровац пристигнаа во Струмица за да учествуваат на овогодинешниот карневал и да се запознаат со културата на градот и учениците овде.

Вкупно 24 ученици и 8 професори од Средното училиште Обровац во Хрватска вчера пристигнаа во Струмица, подготвени да учествуваат на традиционалниот Струмички карневал со својата маска „Пиратите од Зрмањa“. Тие ќе бидат сместени кај наши ученици и професори, запознавајќи се со културата во Струмица овие три дена.

Нашата соработка со ова средно училиште трае веќе 4 години, проследени со учество на културни настани, еко акции и многу други настани одржувани и во Струмица и во Обровац, Задарско кои сè повеќе нè зближуваат како две средни училишта од Хрватска и Македонија.