На државниот натпревар по хемија што се одржа на 14.05.2017 година во Скопје на ПМФ – Институт за хемија, ученичката Алма Усеин од II-4 клас го освои првото место. Како второнаградени се пласираа Клементина Бусева исто така од II-4 клас и Сања Василева од II-2 клас, сите под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска.
На претходно одржаниот општински натпревар Сања Василева беше првопласирана, Клементина и Алма го делеа второто место, а Анастасија Пенева од II-1 клас беше третопласирана. На регионалниот натпревар, пак, Алма освои прво место и прва награда, Сања втора, а Клементина трета награда. На државен се пласираа и Анастасија Пенева, како и учениците Коста Михајлов од III-3 клас (со освоена трета награда) и Александар Цамбулев од IV-2 клас, двајцата под менторство на професорката Зуле Цонева.
По успехот на Алма Усеин, Клементина Бусева и Сања Василева на државниот натпревар, тие го обезбедија учество на Македонската Хемиска Олимпијада. Им честитаме на сите натпреварувачи за освоените награди и им посакуваме уште поголеми успеси на Македонската Хемиска Олимпијада и понатаму!
Размислувај како протон… И остани позитивен!