Денес, 30 септември, со почеток во 10:00 во просториите на СОУ „Јане Сандански“ Струмица се одржа работилница „Фриленс работа“. Целта на оваа работилница беше да ги воведе младите во ваквиот тип на работа како алтернатива на стандардното вработување и исто така како можност тие самите да работат на збогатување и надоградување на сопствените вештини и способности.
Настанот е дел од проект на здружението „Рефлексија“ за унапредување на можностите за работа на младите во Струмица, а финансиски поддржан од Програмата Г1 на Одделението ЛЕР – трансфер до невладини организации при општина Струмица.
На работилницата учествуваа искусни „фриленсери“ од нашата општина кои споделија искуства и знаења на почетниците во ваквиот тип на работа.