Ангажманите на еко-тимот во нашето училиште никогаш не престануваат туку се користат за истакнување на креативноста на учениците и зголемување на нивната активност за вон-наставни проекти.
Покрај другите еколошки активности по повод Ден на дрвото во нашето училиште се изведе и активноста цртање постери на еко-тема.
Учениците со помош и под раководство на професорот Митко Тошев во групна работа нацртаа три постери кои веќе ги красат ходниците на нашето училиште.
Eко-координаторот, професор Славица Милева-Ефтимова, најавува уште такви акции во кои до израз ќе дојде креативноста на учениците, а целта ќе биде да се побуди еколошката свест кај нив.