Сања Стратарска: Во банкарството нема ништо несфатливо!

На крајот од годината поразговаравме со учениците за нивните впечатоци и го тестиравме нивното мислење пред изборот на запишување во нашето училиште и по цела измината учебна година. Вечерва имаме разговор со ученичката од првата генерација на новиот и актуелен смер банкарски техничар.

10415574_817954061548413_1777915681301311742_n

Сања е само една од многуте кои пред изборот на училиштето во кое ќе го продолжат своето средно образование имала страв дека ќе биде претешко и нема да може да постигне успех каков што имала досега.

Мислењето целосно ќе се промени само ако изберете да бидете дел од училиштето со традиција за успех!

„Прва година ја искористив за запознавање нови личности кои ќе придонесат во моето понатамошно образование и почеток на многу нови другарства со моите соученици“, заклучува на крајот од годината.

Нашето училиште нуди гимназиска струка, економски техничар и банкарски техничар.

„Одбрав да бидам банкарски техничар затоа што сакав да ги откријам тајните на банкарското работење. На почетокот мислев дека економските предмети ќе ми бидат многу нејасни и тешко сфатливи, но напротив, ми се интересни и добив многу основни информации“, раскажува ученичката за
носењето на нејзината одлука во осмо одделение.

Исто како нејзе, новите ученици ќе имаат можност да ја донесат својата одлука до 23-ти јуни кога ќе започне уписот на нови ученици во училиштето.

„Ова училиште за мене отсекогаш било најпрестижно во нашиот град и знаев дека единствено тука ја имам можност да го учам тоа што ме интересира и инспирира“, вели Стратовска за изборот на нејзиното ново училиште.

За пристапот на професорите вели дека е ем авторитетен – ем многу другарски. Привилегиите и довербата кај професорите си ги гради сама со нејзиниот успех.

 Сања важи за еден многу одговорен ученик без ниту еден изостанок која вели дека тоа го регулира со правилно распределување на времето.

„Голем дел од новите лекции научувам од предавањето за време на часот и затоа ми е многу важно да не отсуствувам“, заклучува таа.