Ученици и професори од нашето училиште и ООУ „Маршал Тито“ од Струмица денеска беа почестени да бидат гости на секретарот на општина Струмица Александар Оџаков и општинскиот инспектор за образование Зоран Узунов во салата за седници на Општина Струмица во Домот на АРМ.
Секретарот на општина Струмица Александар Оџаков и општинскиот инспектор за образование Зоран Узунов ја претставија организациската структура на општината, двете главни тела – советот и градоначалникот и одговараа на прашањата кои ученици од македонска и турска националност ги поставуваа.
Целта на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието преку кој се одржа настанот е да се подобри меѓуетничката интеграција преку интеракции помеѓу младите од разни етнички групи, на ниво на училиштата и заедницата. По завршувањето на посетата, учениците и професорите ја продолжија дружбата на заеднички ручек.