Минатиот викенд во просториите на нашата гимназија се одржа тридневен семинар организиран од германската фондација Конрад аденауер, a посветен на Европската Унија. Семинарот претставуваше еден вид симулација на функционирањето на Европската Унија. Учесниците на семинарот претежно беа ученици од трета и четврта година, и имаа можност да работат со некогашни стипендисти на оваа фондација, а денес веќе докажани тренери за ваквите симулации.
Петок, како прв ден од семинарот, беше предвиден за запознавање со Европската Унија уште од нејзините почетоци, се до нејзината денешна положба. Предвидената агенда се спроведуваше низ различни игри и квизови.
Главниот дел од целата симулација се случуваше во саботата, кога учениците беа ставени во улога на европски функционери. Ова всушност беше и најинтересниот дел, бидејќи сите 35 учесника сериозно навлегоа во суштината на својата задача.
Недела беше последен ден од овој семинар и како таков се искористи за доделување на сертификати на учениците и на двајцата ментори, професорите Павле Стојанов и Билјана Витанова. Семинарот се поклопи со Денот на ЕУ, 9-ти мај.