Оваа генерација започна да го слави своето матурирање уште во четврток, три дена пред матурската вечер. Со таканаречената предматурска забава којашто звучеше и изгледаше многу професионално и весело музичарите сами му ставија старт на караванот на заедничка забава со својата генерација.
Главни иницијатори беа членовите на новоформираниот бенд WipeOut, Ивана Василева (вокал) и Виктор Крстев (гитара), а задолжени за добра забава беа и Александра Јанева (вокал), Ѓоргина Патарова (вокал), Гонце Ѓоргиева (вокал), Кристијан Арапов (битбокс), Живко Барбутов (гитара).
90-минутната свирка во струмичкиот локал Vogue на плоштадот „Гоце Делчев“ во една интимна атмосфера спои голем дел од учениците од генерацијата 2009-2013 година.
Поради досегашните прекрасни изведби и концерти организирани од овие млади музичари на забавата присуствуваа и професори кои не сакаа да го пропуштат овој редок момент. Најверојатно за последен пат, учениците приредија вистинско шоу без ниту една проба претходно.
Меѓу гостите беа професорите по музика, Денис Кирчанов и Анита Станковска, професорката по филозофија Данче Палазова, Дафина Пандева и Весна Спасова.
Убаво за уво, убаво за душа – потсетување дека талентираните музичари од оваа генерација оставија многу зад себе!