Претходната недела, во петок, 09. 10. 2015 година, во просториите на Домот на АРМ, од страна на здружението „Евро – визија“ со почеток во 15:00 часот беше реализирана креативната работилница „Нови идеи за нови струмички сувенири“.
Работилницата е дел од проектот кој е финансиски поддржан од програмата Г1 на секторот за ЛЕР на Општина Струмица.
Учество зедоа и претставници од нашето училиште, СОУ Јане Сандански, од четврта година јазично-уметничко подрачје, Мануела Златкова и Марина Чонева, под менторство на проф. Љупка Галазка-Василев.
Овој проект има за цел да развие нови креативни решенија презентирани од страна на заинтересираните учесници и да понуди конкретни сувенири кои ќе послужат за промоција на град Струмица.
Модератор на работилницата ќе биде Марија Милошевска, етаблираната македонска дизајнерка на современ филигран.