Сребрен медал за Димитар Бајрактаров на Македонската Олимпијада по Информатика 2017

    На дваесет и првата Македонска Олимпијада по Информатика (МОИ) која се одржа на 21-ви и 22-ри април оваа година во Скопје, нашиот ученик и другар Димитар Бајрактаров се натпреваруваше со уште 18 програмери – најдобрите во Македонија. По два напорни дена натпревар, тој го освои сребрениот медал. ГОЛЕМИ ЧЕСТИТКИ!

Македонската Олимпијада по Информатика се одржува секоја година во два последователни дена. Оваа година, првиот ден натпреварувачите се натпреваруваа во просториите на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), вториот ден во просториите на ИТ компанијата Sorsix. МОИ е највисокото национално натпреварување по информатика каде се пласираат најдобрите од државниот натпревар по информатика.

“Овој ми е трет пат на МОИ и не е нешто поразлично. Чувството е прекрасно, разменуваме идеи, анализираме задачи, но најважно е и дека се забавуваме. Таму, сите го сакаме програмирањето и решавањето на необични и навидум чудни проблеми. Програмирањето ќе ми биде идна професија.“ – вели Димитар.

Не се сомневам во тоа… Со овој успех, Димитар може да се натпреварува на интернационалните натпреварувања како што е Балканската Олимпијада по Информатика (БОИ) – оваа година во Кишинев (Молдавија) и на Интернационалната Олимпијада по Информатика (ИОИ) – оваа година во Техеран (Иран).

Во име на целото училиште, му посакуваме големи успеси и на двата натпревари.

18159519_1645506075477288_1151943032_o