Стимулирање на креативноста преку кооперативно учење

Нашето училиште СОУ Јане Сандански доби грант, со кој им беше овозможено на четири наставници да се едуцираат во Мадрид и да усвојат нови наставни техники.

При аплицирањето на програмата Еразмус + се водевме од потребите и предизвиците на современите текови во образовниот процес, со тоа што основниот предизвик беше токму тоа – се учи ли креативноста?

madrid1

 

Престојот во Мадрид за времетраењето на курсот( 9-20/ 11,2014) отвори нови можности и хоризонти. Стимулативната атмосфера во друштво на повеке ЕУ учесници (Белгија,Ирска,Грција,Романија,Португалија) беше доволно провокативна преку различни нови техники да ги претставиме своите патишта до солуции на различни прашања и дилеми од мулти-дисциплинарен карактер.

madrid3

 

Низ различните методолошки пристапи применети на тренинг курсот во Мадрид го продлабочивме разбирањето на школските содржини низ иновативни решенија на проблеми, охрабрување на креативното мислење, предизвикување и подобрување на имагинацијата, зголемување на мотивацијата. Сите дневни активности беа успешно комплементирани со посетите на тековните атракции и културните ризници – музеи, галерии, паркови, познати области, плоштади, итд.- како во самата Шпанска престолнина, така и во Толедо.

madrid2

 

Се вративме со нови алатки кои успешно ги користиме и споделуваме со своите ученици и колеги, стимулирајки ја многукратно тимската работа, диверзитетот, латералното мислење и станувајки во исто време сопственици на своето знаење преку подучување на другите…

Во јануари следуваше десеминација пред колегите од колективот, кои во целодневна работилница ги усвоија  најважните техники за подобрување на креативноста кај учениците преку заедничко учење. Истите имаа прилика да бидат во улога на ученици, кои треба заеднички да работат и активно да учествуваат.

madrid4

Тимот на наставници кои беа на обука, а потоа го десеминираа наученото го сочинуваа: Виолета Николова, Софија Тошева, Вангелија Велева, Сашо Пиличев.