Многу од денешниот свет, денешните нации и локални лидери учествувале во програма за размена од прва рака и го почуствувале позитивниот ефект од програмата за размена во нивните животи.Средошколците имаат можност да живеат во дом-семејство, да посетуваат средно училиште, да учествуваат во активности за подобро да го запознаат американското општество и неговите вредности, да добијат менаџерски способности и да им помогнат на американците во едукација за својата земја и ширење на својата култура.
Програмата е финансирана од владата на Америка (USA), а во Македонија се реализира преку програмата за размена на млади (YES).
Кои услови треба да бидат исполнети за да се конкурира?
-
Да бидете запишани во прва или втора година средно училиште;
-
Да ги исполнувате условите за Ј-1 виза/ SEVIS услови за години на учениците од средно образование;
-
Да бидете родени помеѓу 1 јануари 1998 и 15 јули 2000
-
Ученици со инвалидитет родени меѓу 1 март 1996 и 15 јули 1999 и кои сеуште не матурирале во средно училиште, се во можност да аплицираат за YES програмата
-
Да бидат многу добри или одлични ученици;
-
Да имале претходно часови по англиски јазик (кандидатите мораат да го покажат своето познавање на англиски јазик за време на регистацијата);
-
Да ги исполнуваат условите за виза;
-
Да бидат државјани на YES земјата од која што аплицираат (Р. Македонија
Кои трошоци ги покрива стипендијата?
Стипендијата е одлична затоа што ги покрива најголемите трошоци и тоа: патни трошоци за интернационалниот транспорт (повратен билет од дома до Америка); месечен паричен надоместок за помош на студентите да учестуваат во друштвени активности и да купат некои неопходни лични набавки; сместување во одбрани Американски дом-фамилии во период од една година; запишување во Американско – средно училиште; медицинско осигурување како и различен вид програмски активности уредени од локаните американски заедници.
Кога и каде да аплицирам?
30 септември – СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
од 08:30-11:00 часот
Како се селектираат учениците?
Финалистите и нивните замени ќе бидат одбрани од професонални американски соработници во образованието и инернационалните односи во Америка ќе ги селектираат финалистите и замените на финалистите.
Кога ќе се знаат резултатите?
Процесот на селекција ке биде комплетиран на пролет и сите апликанти ке добијат известување за статусот до средината на мај. Познавањето на англискиот јазик е важен но не и пресуден елемент во селекцијата.
Повеќе информации: http://www.ac-see.org/programs/yes-mac.htm