Отворен е ноември 2011 година и е наменет за учениците кои сакаат да добијат насоки за развој на нивната кариера и подобрување на вештините за вработување. Главни цели на Центарот за кариера се:
– запознавање на учениците со различни кариерни можности
– давање помош на учениците во донесување издржани одлуки во клучните фази од нивното образование (вклучително и селекција на изборни предмети во средно образование)
– усогласување на вештините потребни на пазарот на труд со оние со кои се стекнуваат во училиштата
– подобрување на квалитетот на понудата на идни работници во Македонија
– успешно претставување на младите на потенцијалните работодавачи
– успешно влегување на младите во светот на работа
– останување на добро работно место
Во работата на Центарот за кариера можат да се вклучат сите ученици и да ги следат програмите:
Планирање на кариера, Подготовка за вработување и работа, Учење преку работа, Високо образование и Идно вработување.