Традиционално, по повод празникот „Ден на востанието“, за учениците од основните и средните училишта се одржуваат „Ноќни крос трки“ долж булеварот „Маршал Тито“. Трките се одржуваат во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, а оваа година учествуваа околу 500 ученици од основните и средните училишта во Струмица и струмичко.
Тројца ученици понесоа награди за нашето училиштето. Од категоријата I година – девојки, првото место го освои Елена Панеска, од II година кај машките најбрз беше Кире Митков, додека Кети Стаменова освои второ место во категоријата III и IV година – девојки.