Тројца ученици на денешниот државен натпревар по информатика

Викендот не претставуваат само два денови кои треба да ги поминеме во излегување и забава. За нашите ученици тоа претставува време кое можат да го искористат за да го покажат својот талент и сето она што го поседуваат. На први март беше одржан регионален натпревар по информатика во три региони: Скопје, Прилеп и Струмица.

Во Струмица домаќини на натпреварот беа ПСУ „Јахја Кемал” и нашето училиште. Наши млади информатичари кои учествуваа на натпреварот беа:
I година
Васил Дедејски и Александар Ивановски под менторство на Славица Милева Ефтимова.
II година
Димитар Бајрактаров и Нина Хаџи-Котарова под менторство на Софија Тошева.
III година
Ангел Митев и Ѓорги Каламерников под менторство на Софија Тошева.
IV година
Ален Станков и Методи Белчовски под менторство на Славица Милева Ефтимова.

Од нив учениците Васил Дедејски, Димитар Бајрактаров и Ѓорги Каламерников се здобија со награди и се поканети на државниот натпревар по информатика. Државниот натпревар по информатика се одржува денес во Скопје. Им посакуваме среќа на нашите ученици.

Официјалното отворање на натпреварот беше во Амфитеатарот на ТМФ со почеток во 10:00 часот. За наставниците пак, организаторите подготвуваат интерактивна работилница насловена како „Активности на ЗИМ поврзани со наставни програми по информатика. Доусовршување на наставниците.“
11096715_810255385690124_846221950_n