Кариерно советување – учениците, родителите и советниците заедно!

Центрите за кариерно советување не се тука за да им кажат на младите која работа е најдобра за нив, туку да им помогнат сами да сфатат. Советниците се  тие што треба да ги научат младите сами да ја водат својата кариера на најдобар можен начин. Целоживотното учење е нешто што е неопходно, а кариерата треба во животот да носи радост.

kariera6
За родителите:
Родители, да бидеме партнери и пријатели кои заеднички ќе ги водат децата, да соработуваме, да се почитуваме, да веруваме во младите.

Драги родители и штитеници, заедно со нас скокнете во нашиот воз или барем причекајте не на некоја од следните станици и во неколку едноставни чекори да станеме (бидеме) сојузници, помагачи, партнери и пријатели.

За учениците:
Работата која ја работиме цел работен век, од првиот работен ден до пензијата, веќе не постои. Стручните лица препорачуваат да сопствената кариера ја сфатиме како нешто што постојано ќе се менува, а колку подобро се прилагодат младите толку подобро ќе поминат во барањето и менувањето на работата.

Kариерни советници: Катерина Милушева, Јованка Михаиловиќ, Софија Тошева и Гордана Василева