Солистите од нашето училиште се редовни учесници на натпреварот за најдобра изведба на француска песна.Утре, сабота, ќе се одржи полуфиналната вечер на којашто ќе настапат ученичките Александра Јанева и Марија Атанасова од четврта година. Натпреварот се организира во чест на прославата на месецот на франкофонијата и право на учество имаат средношколци, соло-изведувачи и бендови.Подготовките за натпреварот траеа цел месец, а покрај гласовните способности важен е и изговорот на текстот. Професорката Нада Божијанова како ментор се погрижи за беспрекорен француски изговор, а професорката Анита Станковска помогна во областа на професионалната солистичката интерпретација.
Во Младинскиот културен центар во Скопје Александра ќе настапи со песната L’amour en heritage, додека Марија пред жирито ќе ја отпее Ne me quitte pas на Жак Брел. Ќе се натпреваруваат во конкуренција со вкупно 39 средношколци од цела Македонија.
Инаку, ова нема да биде прво нивно искуство бидејќи Марија има учествувано на Франкофонијата во 2011 година и го освои високото второ место, а Александра се натпреваруваше минатата година и обезбеди пласман во финале.