Учество на вториот меѓународен форум на УНЕСКО

Нашата екипа под менторство на професор Катерина Тасева учествуваше на форумот од 6-11 април заедно со претставници од 12 земји од Балканот.belgradДомаќин на вториот форум на млади од југоисточна Европа беше градот Зајечар, а во организација на УНЕСКО.

Нашите учесници добија можност да се запознаат со најразлични традиции и култури, но пред сè да го презентираат македонското културно и историско богатство преку проект со наслов „Истражување и промовирање на локалитетите кои се наоѓаат на привремената листа на светско, културно и природно наследство на УНЕСКО”.

„Преку поставениот штанд на кој беа прикажани традиционални македонски специјалитети имавме шанса да ја афирмираме својата земја“, рече Марија Велкова, ученик од трета година.

КЛИК ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА

Првиот форум на млади од југоисточниот регион беше одржан од 21-26 мај 2011 година. Основната цел на младинскиот форум на УНЕСКО е зголемување на меѓуетничкиот дијалог и соработка во регионот како и поттикнување на учениците и професорите за развој на меѓукултурни проекти за заштита на наследството.