Успешна хуманитарната акција „Ла паста ин рете“ за донации на тестенини

По повод Светската недела на италијанскиот јазик, одбележувајќи го и Светскиот ден на борба против гладта вчера во нашето училиште се одржа хуманитарна акција чија цел беше преку донации на тестенини од учениците и наставниците да се помогне на оние на кои оваа храна им е потребна.

Хуманитарната акција „Ла паста ин рете“ е иницијатива на Здружението на професори по Италијански јазик и истата се одржа во училиштата во Македонија каде што се изучува италијанскиот јазик меѓу кои во Струмица во СОУ „Никола Карев“, ООУ „Сандо Масев“, ООУ „Даме Груев“ во Куклиш, Италијанскиот културен центар „Џакомо Леопарди“ како и во нашето училиште, под менторство на професорката Дафина Пандева.

Во организацијата на хуманитарната акција во нашето училиште беа вклучени учениците од Јазично-уметничката секција како и волонтери од Црвен крст на општина Струмица. Мотото на акцијата е „Подари оброк, подари насмевка“, а собраните донации ќе бидат доставени на оние меѓу нас на кои оваа храна им е потребна преку организацијата на Црвен крст во нашиот град.

Тестенините во хуманитарната акција се избрани како симбол на италијанската култура и како прехрамбен продукт кој има подолг рок на траење и соодветствува со условите за транспорт и складирање.

ФОТОГАЛЕРИЈА