Утре, сабота, со почеток во 11 часот во Младинскиот културен центар во Скопје ќе бидат отпеани 41 француска шансона од средношколци. Организаторите имаат ограничување од само тројца учесници од едно училиште, а годинава свое учество обезбедија Стефанија Стамболиска од четврта година, Васко Дедејски од трета година и Слободанка Гражданлиева од втора година.
Од сите учесници само 12 ќе обезбедат учество во финалето кое ќе се одржи следната недела, 28 март, а победникот обезбедува патување во Париз!
Девојките ќе пеат во придружба на Саше Урдовски (гитара) и Христијан Мучев (бас гитара), додека Дедејски ќе отпее на матрица. Искуството кај сите наши учесници е многу големо и струмичката јавност многу добро ги знае нивните вокални способности кои се надеваме дека ќе ги препознаа и стручното жири од Институтот за француски јазик.
Стефанија Стамболиска ќе настапи како 22-ра со својата изведба на мега-популарната „Последен танц. Со неа работеа професорите Михајло Пепиќ и Денис Кирчанов:
Васко Дедејски е само еден од двајцата машки натпреварувачи кој во својот тим ги има професорките Нада Божијанова и Анита Станковска и ќе настапи како претпоследен со шансоната:
Слободанка Гражданлиева се подготвуваше со професорите Ристо Ташев и Денис Кирчанов и ќе настапи во првиот блок, 9-та по ред со песната: