В среда славиме 70 години – семејство на успешните!

Се ближи големиот настан кој сите го очекуваме. Во среда имаме голем повод за прославување. На 22 Април, пред точно сто години почина револуционерот чие име го носи нашето училиште, исто така годинава претставува јубилејна година која одбележува 70 години настава на македонски јазик во училиштето.

version7

По тој повод ќе бидат одржани  многубројни активности во текот на денот:
– 09:30 часот – положување на свежо цвеќе
– 10:30 часот – посета на основци
– 20:00 часот – свечена академија

Свечената академија која ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе биде највозбудливиот дел од целиот ден.
На свечената академија ќе бидат промовирани химната и знамето на училиштето, а исто така и монографијата 70 години настава на македонски јазик во СОУ„Јане Сандански“.

Академијата ќе биде збогатена и со музички дел во кој ќе ве забавуваат нашите талентирани ученици од хорот и оркестарот со своите родители и потесно семејство. Нашите познати солисти со своите мултиталентирани мајки, татковци, чичковци, дедовци… за прв пат ќе излезат на сцена.

На сцена ќе бидат претставени и манекенките од нашето училиште кои секоја година успеваат со своите креации да донесат голем успех за училиштето.

Исто така публиката ќе може да ужива во поетско рецитирање на успешни и реномирани поранешни ученици на училиштето кои сега се професионалци во своите области и успешни луѓе во општеството.

Сите кои би сакале да присуствувате на нашите активности во текот на денот, Ве покануваме да бидете дел од нас и да го проследите трудот кој го вложија нашите ученици и наставници.