Откако ќе ги прочитате приказните на познатите ќе сфатите дека реченицата „Патот до успехот е тежок“ не е само празна метафора. Токму проблемите во средното училиште ги зајакнало како личности кои денес се толку моќни што го поместуваат светот со самата нивна појава. Секое општество има разни стереотипи и предрасуди, но подобро е да ги немате затоа што не знаете колку успешен може да стане оној со кого денес се шегувате и подбивате.
За време на средношколските денови Еминем не само што немал ни 1% од денешната популарност, туку морал да го тужи училиштето затоа што настрадал во тепачка. По тој повод раперот ја има напишано неговата песна „Brain Damage”.
Лејди Гага со својот хит „Just Dance” предизвика торнадо во светската музика, но торнадата не биле секогаш во нејзина полза, особено во средно! Најголемите проблеми ги имала поради тоа што сакала да помага на другите и била мошне талентирана во сè, па понижувачките имиња и шеги на нејзина сметка не престанувале. Поради своето лошо искуство Лејди Гага основаше фондација која им помага на учениците да бидат заштитени од понижување.
За Џони Деп училиштето било само 8 најнеподносливи часови и секогаш имал проблем со професорите кои најчесто ги заменувал со свирење гитара на пробите со својот бенд. Денес е незаменливиот господар на прстените со способност за трансформации до непрепознатливост.
Ниту претседателот Бил Клинтон го немал отсекогаш луксузот да јаде храна приготвена од личен кувар. Во училиштето тој бил познат како „дебелиот“. Поради неговата тежина и крупно тело, се случувало тој да биде пробна боксерска вреќа. Станал 42-риот претседател на Америка!
Тејлор Свифт била отфрлена од групата на „популарни“ девојки со кои излегувала само заради тоа што не била доволно убава и темпераментна. Ја сметале за чудна затоа што сакала кантри музика. Откако станала позната, истите девојки станале нејзини најголеми фанови, а Свифт им простила! Денес е една од најуспешните!
Актерот Роберт Патинсон уште како мал сонувал да ја има својата сегашна професија и популарност. Поради талентот и љубовта кон глумата другарите од школските клупи често се подбивале со него. Денес е еден од најуспешните!
Меган Фокс во средно секогаш била во друштво со момчиња бидејќи девојките од генерацијата ја измачувале пораи нејзината нескриена желба да биде актерка. Фокс и сама открива дека тоа што се дружела со машки другари и попримила многу од нивниот агресивен дух и помага да се снаоѓа со љубоморните.
И самиот Леонардо ди Каприо за себе вели дека бил скроз непопуларен ученик. Во неговиот тинејџерски живот бил голем нарцис и имал џиновски промени во расположението. Непотребно правел од мравка – слон. Денес е потребен за со својата улога да го извади максимумот од филмските сценарија!
Том Круз додека бил средношколец променил 15 места на живеење бидејќи татко му не можел да најде постојана работа. Во секое ново училиште учениците се подбивале со неговата висина – секаде бил најмал од сите. Неговата дестинација денес останува непроменета – Холивуд.
Кристина Агилера била амбициозна и кога во средно се појавила на ТВ шоу „Потрага по ѕвезди“ како пејачка, една група нејзини соученици оделе на нејзините свирки сакајќи да ги саботираат. Дури ги дишеле гумите од автомобилот на нејзината мајка. Денес никој не може да ги уништи нејзините големи концерти!
Дури и Принцот Хари бил предмет на исмевање за време на средношколските денови. Членот на кралското семејство имал многу проблеми поради шегите за неговата портокалова коса.
Викторија Бекам е женскиот дел од најпопуларниот холивудски пар. Таа секогаш била боред, но секогаш не била успешна и популарна. Неа ја сметале за „различна“ поради чудниот распоред на нејзините заби.
Можеби во последно време Џастин Тимберлејк ги има најдобрите светски хитови и Бритни Спирс, Камерон Диаз и Џесика Бил покрај себе, но во средно не било така. Неговите акни и чудната коса биле главна тема на исмевање. Тој бил отфрлен од средината во која пораснал само затоа што повеќе сакал музика отколку фудбал.
На најпознатото дете волшебник Даниел Редклиф глумењето на главниот лик на серијалот Хари Потер му донело огромна популарност и исто толку проблеми во училиштето. Љубоморните ученици не го почитувале како што е случај во филмот. Тој секогаш зборувал отворено за малтретирањето на учениците во училиштата низ светот.