Vocwebleap

СОУ Јане Сандански е стратешки партнер со три универзитети, две средни училишта и три претпријатија од Турција, Грција, Романија и Шпанија, а заедничката работа резултира со готов производ: Мoodle платформа со три курсеви за учење на Веб дизајн и развој. Материјалите се состојат од почетен курс па се до најнапредни технологии од областа, комплетно на македонски јазик и достапни за секој кој сака да напредува или направи пресврт во кариерата. Вчера, во просториите на училиштето се одржа настанот за мултипликација на Еразмус+ проектот Vocwebleap, на кој учество земаа и преставници од ИТ секторот. Благодарност до Mitko Andonov, Milan Savov, Boris Edrovski, Goncа Piliceva, кои со голем ентузијазам се вклучија во дискусијата и несебично се понудија за соработка со училиштето !Координатор на проектот: М-р Софија Тошева