Сите правила и корисни информации за процесот на полагање на Државна матура ги имате овде.
Секој кандидат од тестаторот добива тест, листа за одговори и две лепенки со бар-кодови со кои се загарантирани анонимноста и објективноста при оценувањето. Едниот бар-код се лепи на насловната страница на тестот, а другиот на листата за одговори од ученикот.
Пред да почне со решавање на тестот кандидатот задолжително треба да ги прочита упатставата дадени на насловната страница на тестот и на листот за одговори.
За време на испитот кандидатот не смее да ги нарушува правилата за полагање односно:
– не смее да има кај себе хартија, мобилен телефон и други електронски направи;
– не смее несоодветно да се однесува (се обидува да го прекине испитот, им пречи на другите кандидати, упатува закани кон тестаторите или набљудувачте);
– не смее да разменува информации поврзани со испитот;
– не смее да препишува од друг кандидат;
– не смее да дозволи сопстениот труд да го користи друг кандидат;
– не смее да пишува недлични знаци или содржини на тестт или на листата за одговори;
– не смее да пишува знаци или содржина што упатува на идентитетот на кандидатот;
– не смее да не го предаде целиот или дел од испитот.