Со вкупно 65 бодови, маската на нашето училиште „Волшебна шума“ е добитник на првата награда во категорија А, тоа го одлучија вчера членовите на жири комисијата на Струмичкиот карневал на одржаниот заеднички работен состанок.
Седумте членови на жири комисијата на Струмичкиот карневал вчера дадоа вкупно 65 бодови за маската на нашето училиште „Волшебна шума“ и со тоа ја рангираа на прво место во категорија А заедно со маската „Јинг и Јанг“.
Како втора најбројна маска со 100 учесници, „Волшебна шума“ беше дел од категоријата А во кои беа сместени маските со над 50 учесници. Првата награда од оваа категорија која ја добива маската на нашето училиште е во висина од 1.000 евра во денарска противвредност.