Вториот ден од МАССУМ 2014 во Крушево е резервиран за прогласување и доделување на награди. Нашето училиште учествуваше со свои претставници во вкупно шест категории. Економистите од четврта година пријавија свој маркетинг план во истоимената категорија за натпреварување на Образовното рандеву 2014 година.
Откако најпрво ја поминаа претселекцијата, вчера нашиот тим во СОУ „Наум Наумовски – Борче“ во Крушево го презентираше својот маркетинг план. Ученичките Марија Николова, Благица Пеловска, Марија Галевска и Маринела Лотх под менторство на професор Стаменка Џорлева успешно го одбранија својот труд и добија втора награда во конкуренција од 21 училиште.
Големи честитки за успешното претставување на ученичките!